2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Deutsche Bank падна за 50 отсто поради казни

Добивката на Deutsche Bank падна за 50 отсто поради казни

deutsche-bank

Иако во првото тромесечје оствари речиси рекордни приходи, добивката на Deutsche Bank падна за 50 отсто во однос на истиот период лани, на 559 милиони евра, поради трошоците за судски постапки и казни на регулаторите.

Приходите на најголемата германска банка во првото тромесечје се зголемија за 24 отсто, на 10,4 милијарди евра, што е речиси рекордно ниво и во голема мера се должи на силниот 30-отстотен раст на приходите од инвестициско банкарство.

„Остриот скок на приходите на речиси рекордно ниво се должи на силните резултати во сите делови на работењето и на позитивното влијание на движењето на валутните курсеви“, соопшти банката.

Меѓутоа, банката за резерви издвои 1,5 милијари евра поради можни трошоци за судски постапки, спогодби и регулаторни казни. Така на крајот на март за овие потреби имала вкупни резерви од 4,8 милијарди евра.

Деловните резултати Deutsche Bank ги објави само неколку дена откако американските и бритаските регулатори ја казнија со рекордни 2,5 милијарди долари поради манипулации со каматните стапки Либор и Еурибор.

Аналитичаите проценуваат дека Deutsche Bank од 2012 година платила вкупно над 9 милијарди евра за казни и спогодби во судски постапки поради непрописно работење. Се проценува дека од исти причини оваа година би можела да плати уште околу 4 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП