18 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилниот долар го загрози профитот на Procter & Gamble

Силниот долар го загрози профитот на Procter & Gamble

p&g125456633llddld

Американската компанија „Procter & Gamble – P&G“ пријави денес малку пониска квартална заработка, бидејќи силниот долар ја загрози продажбата на производите на оваа компанијата.

Нето профитот на „Procter & Gamble“ во третиот фискален квартал изнесувал 2,2 милијарди долари, што е за 17,5 проценти пониско во однос на истиот период минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите на компанијата во тој квартал се намалиле за 7,6 проценти на 18,14 милијарди долари, што е под очекувањата на аналитичарите од 18,49 милијарди долари.

Нето продажбата на компанијата во сите пет филијали на „P&G“ регистрираше пад, при што најголемиот пад од 11 проценти е забележан во одделението за лична хигиена.

„Нашите резултати од третиот квартал се во согласност со оние кои ги очекувавме. Напредокот во продуктивноста во овој квартал ги неутрализираше осцилациите на девизниот курс“, изјави извршниот директор на компанијата, Ален Лефли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП