25 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПопуларната Аргета во нова амбалажа

Популарната Аргета во нова амбалажа

argeta

Омилената паштета со истиот врвен квалитетодсега во полесно и потрајно пакување

Аргета, еден од најомилените брендови на овие простори, производ кој претставува синоним за врвен квалитет, отсега може да се најде со нова подобрена амбалажа и модерен дизајн, но со истиот препознатлив вкус. Новата амбалажаовозможува едноставно отворањена добро познатиот, луксузен квалитет на омилената паштета.

arg

Креирана според потребите на современите потрошувачи, сега во алуминиумско пакување, Аргета е посигурна и побезбедна за околината, подостапна за потрошувачите, обезбедувајќи премиум квалитет од внатре и надворешно. Грижливо одбраните состојки, свежите зачини и најдобрите парчиња месо прават Аргета да се разликува од останатите паштети. Секоја Аргета треба да биде со врвен квалитет, и токму затоа производството се одвива под строга контрола која го прати производот од суровината до амбалажата.

Врвниот квалитет, кој е во хармонија со одличниот вкус, сега е поддржан и од новото модерно и еколошки препорачлива амбалажа  која подобро ги нагласува свежината и високиот квалитет на Аргета.

arge

Алуминиумската амбалажа е полесна, потрајна, лесно се рециклира и на тој начин придонесува кон заштитата на животната средина и примена на еколошките стандарди.Мислејќи и грижејќи се на генерациите кои денес растат, а не загрозувајќи ги правата на оние кои допрва доаѓаат, цел на новата подобрена амбалажа е најмало можно влијание на околината.

Поради тоа Аргета е одлична како надворешно, така и од внатре. Високиот квалитет и безбедноста во 2013 година го потврдија и мајките, најстрогите судии на квалитетот на Аргета, кои имаа можност да ја посетат фабриката каде се произведува Аргета.

Мајките имаа увид во целиот процес на производство, и личносе уверија дека Аргета е направена од одбрани парчиња чисто месо, природни зачини и растително масло, правејќи внимателен преглед на целата афбрика и со својот потпис да го потврдат квалитетот на Аргета и да го дадат својот потпис “Одобрено од мајките”

Производството на Аргета е според највисоките меѓународни хигиенски стандарди, во склад со меѓународните HACCP системи, со кои се обезбедува највисокото ниво на безбедност во процесот на производство. Врвниот квалитет е повеќекратно потврден со различни сертификати и награди, а производите Аргета имаат добиено и Халал сертификат од Исламската заедница за производство.

argeta

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП