6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕнергетски ефикасен дом во скопскиот Менхетен!

Енергетски ефикасен дом во скопскиот Менхетен!

ca rezidens

Капитол Резиденс е вистинска и паметна инвестиција бидејќи во круг од 500 метри на комплексот има неколку училишта и градинки, банки, полициска станица, здравствени домови, црква, детски парк, пошта и пазар што го прави овој комплекс мулти-конектиран со сите основни потреби на неговите станари

За оние кои знаат да препознаат квалитет и единствен концепт на живеење, Капитол Резиденс е единствената вредна опција со која си го поедноставуваат животот и си овозможуваат секојдневна лагодност и многу можности што ги нуди соседството.

ca rezidens3

На самиот булевар „Јане Сандански“ над трговскиот центар Капитол Мол, во епи-центарот на урбаната зона во општина Аеродром, Капитол Резиденс е вистинско место за живот. Она што го прави исклучителен, освен идеалната локација е и функционалноста и иновативноста во изградбата, со што станарите дополнително заштедуваат, бидејќи во него се вградени сите современите технички решенија за заштеда на енергија.

Капитол Резиденс се наоѓа на неполни 200 метри од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ или околу 400 метри од другото основно училиште „Љубен Лапе“. На само 100 метри е детската градинка „Лале“, а во круг од околу 300 метри се и други две градинки „Бамби“ и „Чекорче“.

Во дијаметар од 500 метри се и полициска станица, здравствени домови, речиси сите експозитури на банки, црква, детски парк, пошта, пазар, спортски центар, а на самиот излез од Капитол Мол е и автобуската постојка на 5, 15, 15А, 3, 23 кои гравитираат кон центар, и 35 која оди кон Битпазар.

ca rezidens1

Капитол Резиденс се одликува со високо ниво на енергетска ефикасност и завршни градежни работи, а на располагање се:

  • 72 ексклузивни стана, студио тип или станови со 3+1 простории
  • Беспрекорна звучна и топлотна изолација
  • Ѕидови со дебелина од 20 см и демит фасада
  • Алуминиумски прозори и врати со термо мост
  • Трослојно 4 сезонско стакло со минимален коефициент на губење на топлина
  • Затоплување и ладење со фенкојлер единици
  • Сигурносна влезна врата
  • Бањи со подно греење
  • Бесплатно паркинг место
  • Пространи тераси
  • 6 лифта

ca rezidens2

Капитол Резиденс е наменет за луѓе кои сакаат удобен и современ живот, но сакаат и да живеат во енергетски ефикасен простор. А заради недостатокот на слободно време, понудата на продавниците во Капитол Мол со над 50 модни брендови е вистинска драгоценост. Тука е и супермаркетот Рамстор, фитнес сала, игротеки, книжарници, менувачница, сервис за миење возила, куглана и многу ресторани и кафулиња.

На кратко, да живеете во Капитол Резиденс, значи да ја смените филозофијата на живеење!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП