17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKFC ги дуплираше приходите во Русија

KFC ги дуплираше приходите во Русија

la-fi-mo-kfc-chicken-china-yum-20130205-001-e1405970496404

Приходите на американскиот ланец за брза храна „KFC“ во Русија се зголемени во првиот квартал оваа година за 48 проценти, не сметајќи го влијанието на курсните разлики.

Апсолутните показатели за продажбата на рускиот пазар компанијата не ги објави.

Генерално, приходите на KFC со пресметаното колебање на курсот во првиот квартал зголемени се за осум проценти, а ланецот имал 14,180 ресторани. На пазарите во развој, меѓу кои е и Русија, растот на продажбата достигна 11 проценти, а на развиените пазари и во САД шест проценти.

Приходите на компанија „JAM Brands“, која е сопственик на брендот „KFC“, а која исто така управува и со брендовите „Pizza Hut“ и „Taco Bell“ во првиот квартал се намалени за четири проценти, на 2,62 (сметајќи ги и приходите на рестораните со франшиза).

Оперативниот профит се намали за 11 проценти, на 506 милиони доалри, а нето профитот за девет проценти, на 362 милиони долари.

„JAM Brands“ со седиште во Луисвил, Кентаки е еден од најголемите ланци на ресторани во светот, со 41,000 ресторани во повеќе од 125 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП