25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Јенал Ѓокилдурум, Генерален директор на малопродажба во LC Waikiki

Интервју со Јенал Ѓокилдурум, Генерален директор на малопродажба во LC Waikiki

bbn

Денар: Денес во Рамстор се отвори четвртата LC Waikiki продавница. Кажете ни нешто повеќе во врска со новата локација и нејзината содржина?

Денес LC Waikiki, турскиот лидер во малопродажба ги отвора вратите на својата четврта продавница која се наоѓа на првиот спрат во Рамстор шопинг центарот. На површина од 1154 m2, во продавницата има три посебни оддели за мажи, жени и за деца, односно бебиња. Со други зборови, оваа продавница ќе му понуди на целото семејство можност да го најде својот стил, што е во склад со филозофијата на нашата компанија – „Секој заслужува да биде убаво облечен“. Новата продавница е инвестиција од околу 1,5 милиони долари, а вработува 34 лица. Со отворањето на новата продавница на LC Waikiki во Рамстор шопинг центарот,бројот на продавници ќе достигне бројка над 500, од кои 130 се надвор од Турција. Продавницата во Скопје претставуваат дополнителен чекор кон постигнување на целта утврдена од страна на брендот, односно генерирање на приход од 10 милијарди долари до крајот на 2023 година.

Денар: Филозофија на брендот е “Секој заслужува да биде убаво облечен”. Која беше почетната точка во креирањето на овој слоган? LC Waikiki е меѓународен бренд, во колку земји имате свои претставништва и продавници?

Основана во Франција во 1985 година, LC Waikiki беше откупена од сегашниот сопственик „LC Waikiki – Малопродажба, трговија и услуги“во 1997. Филозофијата „Секој заслужува да биде убаво облечен“ и нашата мисија да промовираме „мода достапна за секого“ го направи LC Waikiki пример за останатите. Со овој потврден  малопродажен пристап забележуваме континуиран пораст веќе 18 години, како дома, така и во странство. LC Waikiki почна со инвестиции во странство во 2009 година со отворање на својата прва филијала во Романија, а во моментов има 387 продавници во разни делови од Турција и 130 продавници во 23 земји во светот. LC Waikiki им е познат на македонските потрошувачи преку 4 продавници, од кои 3 во Скопје и 1 во Тетово.

Денар: Дали сте задоволни од продажбата во Македонија? Дали стилот што го нудите е прифатлив за вкусот на просечниот Македонски потрошувач?

Ние сме пресреќни со отворањето на нашата четврта продавница во Македонија и навистина сме горди што станавме достапни за нашите потрошувачи во 23 земји ширум светот во период од само 6 години. Ние имаме доверба во Македонскиот пазар и ќе продолжиме да растеме и во Македонија и на Балканот. Ние ја споделуваме нашата филозофија, знаење и искуство на Македонскиот пазар и придонесуваме кон економскиот раст и развој на трговијата на мало. Отворањето на новата продавница е логичен чекор по големиот интерес од страна намакедонските потрошувачи кои уживаат во нашите производи. Тоа се должи на високиот квалитет, модерната линија која ги следи најновите светски модни трендови, и што е најважно, на пристапните цени. Сите LC Waikiki продавници се лесно препознатливи по пријатна и топла атмосфера и организација која им овозможува на потрошувачите лесно и брзо да најдат сè што им треба. Балканот е од големио значење за Турција, како ивлезот на Турција кон Западна Европа во креирањето на културни и човечки врски. Ќе продолжиме со инвестициите на Балканот и во различни региони низ светот, со цел да бидеме еден од глобалните брендови чија сила ја црпи од втемелените вредности на компанијата.

aac

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП