„Credit Suisse Group AG“ соопшти со 23 отсто повисока добивка за првиот квартал – сигнал дека швајцарскиот кредитор се опоравува од падот кој го забележа минатата година.
Нето профитот на банката се зголемува до 1,054 милијарди швајцарски франци (1,1 милијарди долари) наспроти 859 милиони франци година порано. Резултатот ги надминува очекувањата за 1,03 милијарди франци, кој беше просечната прогноза на деветте анкетирани аналитичари.
„Зголемените турбуленции на финансиските пазари доведе до голем активност со клиентите и затоа има добар квартал во инвестициското банкарство“, коментира Андреа Вендити, аналитичар од „Vontobel Holding AG“, пред објавувањето на извештајот.
Втората по големина швајцарска банка објави уште дека соодносот на капиталот на ризичните средства достигна 10 отсто во споредба со 10,1% на крајот на минатата година.
Овој сооднос е една од главните грижи на инвеститорите. „Credit Suisse“ изјави во јануари дека тоа не е погодено, ниту пак се регистрирани трговски загуби како резултат на укинувањето на крајната граница на поскапување на франците во однос на еврото.
Акциите на „Credit Suisse“ поскапеа за 6,9% во оваа година, со што пазарната проценка на банката достигна 43,1 милијарди франци. За споредба, во истиот период капитализација на „UBS AG Group“ – најголемата швајцарска банка, се покачи за 11,5%.