15 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИIKEA планира да инвестира две милијарди евра во Русија

IKEA планира да инвестира две милијарди евра во Русија

ikea-store

Шведскиот трговски синџир IKEA планира да инвестира две милијарди евра во развој и изградба на нови продавници во Русија до 2020-та година.

„Бројот на оние кои ги посетуваат продавниците на IKEA во минатата година порасна за два отсто, и покрај забавувањето на светската економија“, рече претставникот на IKEA, Џон Тегнер.

Тој напомена дека за IKEA, Русија е еден од најперспективните пазари, а освен во Русија за шведската компанија значајни се и пазарите во Кина, Шведска и Полска.

На глобално ниво IKEA планира да вложи во наредните пет до седум години три милијарди евра во изградба на нови продавници, вклучително и инвестициите во Русија и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП