17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако може да ви помогне искористената кесичка од чај? (видео)

Како може да ви помогне искористената кесичка од чај? (видео)

caj_1429434824_670x0

Сите ние кои сакаме да пиеме чај искористените кесички од чај ги фрламе во ѓубре. Меѓутоа, не сме свесни колку тие се лековити и корисни, а притоа ќе ни заштедат и пари.

Лековитоста на чајот одамна е позната, но искористените кесички се занемарени.

Ги фрлате во канта секој ден, а не знаете дека освен за здравјето можат да ви помогнат да исчистите нешто и да ја отстраните смрдеата.

Ве каснал комарец, пчела или стршлен? Сте се изгореле? Имате модринка? Пробајте на болното место да ја ставите оладената кесичка од чајот и проблемот ќе исчезне.

Исто така, ако сте се пробудиле со темни кругови под очите или отечени подочници – ќе го решите проблемот со кесичката од чај, така што овие вреќички од чај ќе ги ставите на очите и ќе ги држите неколку минути.

Доколку ви мирисаат непријатно патиките, преку ноќ ставете им суви искористени кесички од чај и сите непријатни мириси до утрото ќе исчезнат.

Погледнете го видеото и дознајте како кесичките чај можат да му помогнат на вашето здравје, но како можат и на вас да ви помогнат во домаќинството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП