6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSchlumberger, поради падот на цените на нафтата, отпушта уште 11.000 работници

Schlumberger, поради падот на цените на нафтата, отпушта уште 11.000 работници

Schlumberger222

Најголемата светска услужна нафтена компанија „Schlumberger“ извести за остар пад на приходите и добивките во текот на првото тримесечје од годинава и најави укинување на уште 11.000 работни места, подготвувајќи се за подолг период на послаби активности и притисок на цените на нафтата.

Приходите „Schlumberger“, американската компанија којашто изнајмува технологија и опрема за црпење нафта на нафтените и гасните компании, паднале во првиот квартал од 2015-та година за 9 отсто во однос на истиот период минатата година, на 10,25 милијарди американски долари. Тоа е последица, како што се наведува во деловниот извештај на компанијата објавен во четвртокот навечер, на намалените активности и инвестициите во истражувањето и црпењето на нафтата, како и притисокот врз цените.

Добивката на „Schlumberger“, пак, паднала во изминатиот квартал 38,8 отсто во однос на истиот лански период на 975 милиони долари.

Бидејќи се заканува и ризикот од натамошниот пад на цените на нафтата, кои во однос на јуни 2014-та година потонаа за околу 50 отсто, компанијата најави и намалување на инвестициите. А само до пред извесно време планираше во текот на 2015-та година да инвестира 3 милијарди долари, меѓутоа сега овој план го намали на 2,5 милијарди долари.

Поради зголемената понуда на нафтата во однос на побарувачката на светските пазари, се очекува и продолжување на трендот на намалување на производството и инвестициите во нафтениот сектор, особено во САД, па од „Schlumberger“ најавија и натамошно намалување на трошоците на работењето.

Откако неодамна најавија укинување на 9.000 работни места, во четвртокот најавија отпуштања на уште 11.000 работници. Така „Schlumberger“ во 2015-та година ќе им даде отказ на вкупно 20.000 работници, односно на 15 отсто од вкупно вработените во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП