28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОНЕ со нов припејд пакет – 99 денари неделно за неограничени разговори...

ОНЕ со нов припејд пакет – 99 денари неделно за неограничени разговори кон сите мрежи

PFZ_2873

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ, од денес, 17-ти април, го збогатува своето портфолио со нов припејд пакет кој нуди неограничени разговори кон сите национални мрежи и 300 МВ интернет.

Станува збор за неделен пакет кој за 99 денари неделно ќе им овозможи на сите ЏаБестери и корисници на ОНЕ припејд да зборуваат неограничено кон сите национални мрежи и да сурфаат на интернет цела недела.

Истовремено, со секое надополнување на кредит, корисниците на ЏаБест и натаму зборуваат бесплатно со сите ЏаБестери.

Сите припејд корисници на ОНЕ и корисниците на ЏаБест можат да го активираат неделниот пакет со повик кон бројот 1460.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП