6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалена вредноста на откупот и продажбата на земјоделските производи

Намалена вредноста на откупот и продажбата на земјоделските производи

prodazhba-otkup

Вредноста на вкупниот откуп и на продажбата на земјоделски производи во јануари 2013 година изнесува 897.294.000 денари што е намалување за 11,4 отсто во споредба со овој месец лани.

Според Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 5,4 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 32,2 отсто.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, градинарските и фуражните растенија, додека кај сите други земјоделски производи е евидентирано намалување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП