„Yahoo“ преговара за купување на „Foursquare“ за „околу 900 милиони долари“. Оваа информација ја објави на „Tech Crunch“, кои се повикуваат на „извори“ кои зборувале пред новинарите Ингрид Лунден и Џордан Крук.

Според нив трансакцијата ќе се случи сигурно и во моментов се воспоставила комуникација само за детали околу неа.
Пред неколку години „Foursquare“ беше проценуван на 600 милиони долари. Цената не е изненадувачка, се вели во коментарот на „Business Insider“, кои потсетуваат дека неодамна „Google“ го купи „Waze“ за 1 милијарда долари.
„Foursquare“ е основана во 2009-та година од Навеен Селвадурај и Денис Краули. Во минатото тие ја одбија понудата за купување од страна на „Facebook“, која беше во опсег од 100 до 150 милиони долари.