12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОНЕ со нова понуда – пакетот Smart XL со намалување на месечната...

ОНЕ со нова понуда – пакетот Smart XL со намалување на месечната претплата до 50%

one logo111

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ од денес, 14-ти април, го нуди пакетот „Smart XL“ со фиксна телефонија, интернет и Boom TV, со намалување на месечната претплата до -50%.

Smart XL пакетот нуди фиксна линија со неограничени разговори кон сите мобилни и фиксни броеви од мрежата на ОНЕ, како и кон другите национални мрежи, неограничен супер брз интернет, Boom TV дигитална телевизија со вклучени ТВ канали: SportKlub 1, SportKlub 2, SportKlub3, HBO, HBO Comedy, Cinestar Premiere кои корисниците можат да ги гледаат бесплатно 24 месеци, бесплатен WI-FI рутер и можност за бесплатен САМ модул.

smart xl paket

„Во промотивниот период сите корисници кои ќе го изберат пакетот Smart XL, но и оние кои ќе го изберат пакетот Smart L добиваат намалување, односно попуст на месечната претплата кој прогресивно се зголемува секои три месеца, така што во последните три месеца од договорот, корисниците ќе добијат намалување на претплатата од дури 50%“, информираат од компанијата.

Дополнително, ОНЕ нуди и можност за бесплатно префрлување на постоечки фиксен број од другите мрежи во мрежата на ОНЕ. Понудата важи ограничен временски период, а достапна е со договор од 24 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП