22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИШкода во првиот квартал со најдобар резултат во својата историја

Шкода во првиот квартал со најдобар резултат во својата историја

003_START_OF_PRODUCTION_OCTAVIA_2012

Шкода во првиот квартал од оваа година оствари најдобар резултат во својата 120 годишна историја.

На купувачите во периодот од јануари до крајот на март оваа година им се испорачани 265 илјади возила, што е 7,2 отсто повеќе од истиот период лани.

Тоа е нов рекорд на квартално ниво.

Остварен е рекорд и во март, така што првпат во само еден календарски месец компанијата испорачала повеќе од 100 илјади возила.

За таквиот резултат придонесе и новата „шкода фабија“, која е добро прифатена во централна Европа.

Веќе во јуни оваа година доаѓа новата „шкода суперб“, што ќе го преземе водството во моделската кампања на Шкода.

Минатата година беа испорачани повеќе од милион автомобили на компанијата Шкода ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП