Не е тајна дека „Facebook“ заработува пари за кои ние, обичните смртници, можеме само да сонуваме. Меѓутоа, вреди да се запрашаме од каде му на „Facebook“ толку пари, a не продаваат ништо, додека сите реклами на страната се речиси невидливи.
Oдговорот е можеби застрашувачки: нашите лични информации! Со други зборови, тоа што ние го даваме бесплатно, тие за тоа добиваат милиони!
Имено, во светот на друштвените мрежи корисниците во буквална смисла на зборот се „машини за пари“, дури и кога не купуваат ништо. Причината за тоа е што социјалните мрежи се значително важна и сеопфатна алатка за маркетинг истражување.
Секој пат кога ќе кликнете „like“, „share“, ќе се придружите на некоја фан страница или дури кога ќе додадете некој нов пријатели, вие создавате нов пакет на статистика за кој големите корпорации нудат големи пари за да дојдат до нив.
Еве ја точната вредност на вашиот профил:
– Само Вашето присуство вреди околу 81 долар
– Секој Ваш пријател на профилот вреди околу 0,62 долари
– Секој Ваш „like“ вреди околу 0,03 долари
Во просек, секој профил вреди околу 1.800 долари, а сериозна бизнис група или страна вреди 3,1 милиони долари.
Гледајќи и следејќи го растот на „Facebook“ во последните три години, се процеува дека тие имаат собрано 2,11 милијарди информации кои можат многу да ги продадат.
На тој начин „Facebook“ заработува околу 1,2 милиони долари дневно од бесплатната работа на своите корисници, правејќи го тоа што „Wall Street Journal“ го нарекува „најголема неплатена работна снага во историјата на човештвото“.