21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИBoeing доби нарачка вредна 6,6 милијарди долари од Copa Airlines

Boeing доби нарачка вредна 6,6 милијарди долари од Copa Airlines

copa-airlines-100

„Boeing Co.“ добил порачка во вредност од 6,6 милијарди долари од „Copa Holdings SA“, што ќе е најголемиот договор во историјата на Панама и американска компанија, пренесува „Reuters“.

Нарачката е за 61 авиони од моделите „737 MAX 8“ и „MAX 9“ кои „Copa Airlines“ ќе ги користи за да замени некои од своите актуелни машини.

Веста пристигна во петокот за време на настанот во Панама, на кој присуствуваа претседателот на САД Барак Обама и панамскиот колега Хуан Карлос Варела Родригез.

Стенли Мота, претседателот на „Copa Airlines“, рече дека договорот е „важен чекор во зацврстувањето на лидерството на компанијата во регионот“. Според него договорот ќе му помогне на економскиот раст на Панама.

Во последните години „Copa Airlines“ стана важна врска меѓу Северна, Јужна и Централна Америка. Таа ќе биде првата авиокомпанија во Латинска Америка, која ќе располага со авиони „Boeing 737 MAX 9“.

Акциите на „Boeing“ ја зголемија својата вредност за приближно 18% во текот на оваа година, а оние на „Copa“ пораснаа за околу 2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП