6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMylan нуди 29 милијарди долари за Perrigo

Mylan нуди 29 милијарди долари за Perrigo

mylan-nv-myl

Производителот на генерички лекови „Mylan NV“ понуди околу 29 милјарди долари во акции и готовина за купување на „Perrigo Co PLC“.

„Mylan“ понуди да ја купи компанијата со седиште во Ирска за 205 долари по акција. Акциите на „Perrigо“ на почетокот на тргувањето во средата забележаа скок над понудената цена, на 215,72 долари, но го заклучија денот со раст од 18,4 oтсто или на 195 долари.

Тоа укажува на скепитицизмот на инвеститорите дека трансакцијата ќе се реализира. Акциите на „Mylan“ пораснаа за 15 проценти или на 68,36 долари.

Некои аналитичари во индустријата сметаат дека „Mylan“ на овој начин настојува да се одбрани од непосакуваното превземање на поголемите ривали, како израелската „Teva Pharmaceutical Industries“.

„Луѓето мислат дека ова ќе ја натера „Tevа“ на понуда за „Mylan“. Ако е тоа случај, тогаш оваа понуда за „Perrigo“ нема да мине“, вели аналитичарката Стифел Николаус Набел Самими.

„Perrigo“ има големо и атрактивно портфолио на безрецептни производи за широка потрошувачка, како и низа генерички фармацевтски лекови, па поради тоа долго време се гледа како „мета“ за превземање. Во комбинација, „Perrigo“ и „Mylan“ ќе имаат промет од околу 15.3 милијарди долари.C

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП