21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИGoogle го купува Twitter?

Google го купува Twitter?

google-et-twitter

Компанијата „Briefing.com“ која се занимава со пазарна аналитика извести дека има информации дека „Twitter“ ја има ангажирано инвестициската банка „Goldman Sachs“ со цел да се одбрани од обидите за непријателско превземање на компанијата.

Истите извори говорат дека дури две компании имаат план на брезата да го превземат контролниот пакет на акции и со тоа да завладееат со „Twitter“, a една од нив е интернет гиганот „Google“.

Оваа вест, иако станува збор за се уште непотвредна информација, внесе немир на американската берза „NYSE“ па цената на акциите на „Twitter“ многу бргу порасна за околу 4%. Моменталната вредност на „Twitter“ е околу 34 милијарди долари, а компанијата имаше годишни приходи од милијарда долари и има околу 288 милиони активни корисници.

Аналитичарите сметаат дека „Google“ за навистина да го превземе овој микроблогинг сервис, треба да искешира околу 50 милијарди долари (во пари или акции). Бидејќи на сметките ширум светот моментално имаат околу 60 милијарди долари во кеш, се чини дека ова не е така неверојатно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП