28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЦелер: Го чисти организмот, го намалува крвниот притисок, спречува надуеност...

Целер: Го чисти организмот, го намалува крвниот притисок, спречува надуеност…

celery

Целерот на јадењата им дава одлична арома, тој е многу здрав и нискокалоричен.

Иако цецерот кај нас најчесто се користи исклучиво како додаток во јадењата, до 17-тиот век се користел исклучиво во медицински цели. Целерот се користи цел, од коренот до листовите, а сите негови делови се здрави и нискокалорични.

Ако имате проблеми со крвниот притисок, оваа билка е одлична помош за неговото намалување, а позната е и како чистач на организмот бидејќи е силен диуретик.

Освен што е богат со влакна, тој е вистинска ризница на витамините К, Ц и Б како и калциум и фолна киселина.

Целерот е здрава и вкусна намирница – едноставено исецкајте го и по желба посипете со лимонов сок и уживајте во оваа здрава ужинка. Од целерот, исто така можете да направите и пире кое ќе биде исклучително богат додаток на главното јадење. Додавајте го редовно во супите и салатите.

Целерот, исто така се смета за силен афродизијак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП