12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрговците се преместуваат од eBay во Amazon

Трговците се преместуваат од eBay во Amazon

amazon-eBay13333

Некогаш лојалните трговци кои работеа со „eBay“, преместуваат голем дел од својот бизнис во „Amazon.com“, посочувајќи дека генерираат повеќе средства од продажбата на стоките преку оваа интернет страна, oбјави „Bloomberg“.

Бројот на трговците со кои работи „Amazon“ се удвои до 2 милиони. Во 2014-та година, бројот на продавачи на „eBay“ го задржи нивото во последните две години – 25 милиони.

Компании кои првично се одлучиле да работат на „eBay“, тврдат дека се изненадени колку брзо расте нивната продажба во „Amazon“ во мигот кога ќе се појават и на двете интернет страни.

Преминувањето кон „Amazon“, платформа, која се гордее со поголема потрошувачка база и нуди повеќе начини за испорака на стоки, претставува опасност за „eBay“, која е пионер во идејата за интернет шопинг.

„Продажбата ни се намалија за 10% на „eBay“ и се зголемија за 10% во „Amazon“. Изгледаше како потрошувачите навистина се преместуваат од „eBay“ на „Amazon““, коментира Ченс Нап, извршен директор на „Vivo Technology“, компанија за прибор за лаптопи, по повод неколку свои производни линии кои ги преселија во минатата година.

„еВay“ веќе е ставен под притисок поради послабите резултати во текот на последното фискално тримесечје и забавувањето на сообраќајот на нивната страна, за што извршниот директор Џон Донахју ги обвини промените во начинот на кој „Google“ ги прикажува резултатите од пребарувањето. Истовремено „eBay“ го оддели бизнисот со „PayPal“ под притисок на инвеститорот Карл Ајкан кој не е задоволен од профитот на единицата за онлајн шопинг.

За трговците преносот на производните линии од една платформа на друга не е евтин. „Amazon“ зема такси за своите логистички услуги, кои вклучуваат складирање, пакување и гаранција дека производите се испратени навреме. Двете компании имаат софистицирани ценовни формули, кои варираат според категоријата на стоките.

Иако „eBay“ обично зема околу 10% од крајната цена на секоја стока, „Amazon“ си зема 15 отсто во повеќето случаи и има дополнителни трошоци за чување и пакување.

Многу трговци велат дека и покрај тоа „Amazon“ вреди, бидејќи се постигнуваат поголеми количини на продажбата и користењето на нејзината логистика е поевтино, отколку ако се врши од компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП