26 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИSamsung бележи нов пад на приходот

Samsung бележи нов пад на приходот

samsnung slika

Јужнокорејскиот гигант „Samsung“ веројатно забележи нов, шестти по ред, пад на приходот во завршениот квартал јануари-март.

Меѓутоа, инвеститорите сметаат дека компанијата оваа година ќе се подигне благодарејќи на новите смартфони и добрата продажба на полупроводници.

Аналитичарите проценуваат дека телефонот „Galaxy S6“ и неговата верзија „Edge“ ќе се продаваат одлично, со оглед на првите позитивни критики. Исто така сметаат дека новите модели од средната класа ќе ја подигнат продажбата, на што се потпираат на предвидувањата на оние кои сметаат дека падот на резултатите на овој одел за комбинирани уреди, наскоро ќе биде дел од минатото.

Вредноста на акциите на „Samsung“ во средината на март достигна раст од 8,6 oтсто, по зголемувањето од 12,1 процент во однос на претходниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП