26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ5 акции кои имаат потенцијал за добра дивиденда во 2015-та година

5 акции кои имаат потенцијал за добра дивиденда во 2015-та година

akcii trguvanje

Прв во рангирањето на Џонас Елмераџи, уредник на „Rhino Stock Report“ е нафтениот и гасен гигант „Exxon Mobil“, а се очекува дивидендите на компанијата да достигнаат историско ниво во 2015-та година.

„Exxon“ во моментов плаќа највисока дивиденда од 1994-та година, па наваму. Ова не е резултат само на повисоките профити, затоа што има вкупно 16% распродажба во последните 6 месеци. Бидејќи цените на нафтата почнаа да се стабилизираат, „Exxon“ е добра можност за инвестирање.

159 милијарди вредната „IT“ компанија „International Business Machines“ (IBM), треба повторно да навлезе во видното поле на инвеститорите. Во последниве месеци компанијата не направи речиси ништо, но во последните денови акциите и собраа одреден интензитет. „IBM“ плаќа 1,10 долари дивиденда.

Инвеститорите треба да очекуваат зголемување на дивидендите во следните неколку месеци на акциите на „UnitedHealth Group“ кои се зголемија за 12% од почетокот на годината, тоа е речиси 4 пати подобар резултат од постигнувањето на индексот „S&P500“. Добрата вест е дека компанијата ќе го објави зголемувањето на дивидендите во следните неколку месеци.

„Reynolds American“ е тутунска компанија №2 во САД, позициите на компанијата, сепак, најверојатно ќе бидат подобрени по стекнувањето на „Lorillard“.

Со потенцијал за зголемување на дивидендите е „Discover Financial Services“. „Discover“ има изградено многу добра платежна мрежа во последниве години со брзиот развој на електронските плаќања. Во моментов, компанијата плаќа 1,6% дивиденда, но многу е веројатно тој да се зголеми во наредните недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП