23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредложена монетарна револуција на Исланд - „државен паричен систем“

Предложена монетарна револуција на Исланд – „државен паричен систем“

Image (27)

Исландската влада одлучи да го разгледа револуционерниот предлог за „државен паричен систем“ со кој централната банка би станала единствен креатор на пари, а парламентот би одлучувал за нивната распределба.

Предлогот е изнесен во извештајот „Подобар монетарен систем за Исланд“, кој на почетокот на неделата во парламентот го достави пратеникот од владејачката центристичка Партија на прогресот, Фрости Сигурјонсон и претставува пресврт во историјата на современите финансии.

Сигурјонсон предлага централната банка да стане единстениот креатор на пари, со оглед дека на Исланд, како и во другите современи пазарни економии, моментно го надгледува само проиводството на книжни и ковани пари, додека остатокот го креираат комерцијалните банки со кредитните линии.

Според замислата на Сигурјонсон за воспоставувањето на „државен паричен систем“, централната банка  би станала единствениот креатор на нови пари за чија распределба би решавал парламентот.

„Клучно е што овластувањата за креирање на пари би се одвоиле од овластувањата за нивна употреба“ , нагласи Сигурјонсон, споредувајќи ги новите овластувања на парламентот со оние за одлучувањето за распределбата на буџетските срества. Банките, пак, според предлогот, и натаму ќе управуваат со сметки и плаќања и ќе служат како посредници помеѓу штедачите и корисниците на кредити.

Предлогот се темели на резултатите од истражувањето на четири функционери на централната банка кое покажало дека Исланд од 1875 година забележал „над 20 финансиски кризи од различна врста“, односно „во просек шест сериозни повеќекратни епизоди на финансиски кризи на секој 15 години“.

Проблемите по правило биле предизвикани од силното кредитирање во период на економски раст. Централната банка не успевала доволно да го зауздува растечкото кредитирање, што поттикнувало инфлација, сколоност кон ризик и шпекулации, утврдија авторите на истражувањето.

На крајот се појавуваше опасност од крах на банките, па би уследуваа државни интервенции.

„Заклучоците од извештајот ќе бидат значаен придонес за претстојната расправа, во државата и во светот“, за креирање на парите и монетарната политика“, рече премиерот Сигмундур Давид Гунлаугсон осврнувајќи се на извештајот на Сигурјонсон.

Малата нордиска држава беше силно погодена од банкротот на американската инвесициска банка Lehman Brothers, предизвикувајќи крах на трите најголеми исландски банки.

Потоа Рејкјавик побара помош од ММФ, а исландскиот БДП во 2009 падна 5,1 отсто, наведува агенцијата AFP.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП