Американската компанија за веб хостинг „GoDaddy“ се надева дека ќе собере барем 460 милиони долари во текот на примарната јавна понуда (Initial public offering, IPO). Сумата е над првично објавената, пренесува „Reuters“.
Компанија позната со своите реклами емитувани на турнирот „Супер Боул“, нуди 23 милиони акции на инвеститорите, а вредноста е 20 долари за готово.
Првичните намери беа за емисија од 22 милиони акции по цена од 19 долари. Аналитичарите очекуваа конечната цена да е во интервал помеѓу 17-19 долари.
Цената од 20 долари за акција ја проценува 18-годишната компанија на 4,5 милијарди долари.
Трговијата со акциите „GoDaddy“ започна в средата на Њујоршката берза под симболот „GDDY“.
„GoDaddy“ е најголемиот снабдувач на веб домејни, а негови клиенти се скоро 13 милиони. Во 2014-та година, компанијата загуби 143,3 милиони долари, иако тогаш приходите скокнаа за 23% до 1,4 милијарди долари. „CNN“ додава дека „GoDaddy“ е во загуба од 2009-та година. Кумулативната загуба за последните три години е 622 милиони долари.
Во „Wall Street“ се надеваат „IPO“ на „GoDaddy“ да го разбуди заспаниот пазар. Првиот квартал од 2015-та година се покажа како најслаб во последните три години. Компаниите кои одлучиле да се појават на берзата, собраа само 5,4 милијарди долари, покажуваат податоците на „Renaissance Capital“.