22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИВработените во Porsche ќе добијат по 8.600 евра бонус

Вработените во Porsche ќе добијат по 8.600 евра бонус

porse vrabote3

Германскиот производител на луксузни автомобили „Porsche“ објави дека секој вработен на компанијата ќе добие бонус од 8.600 евра.

„Porsche“ има околу 14.600 вработени. Бонусите ќе бидат прилагодени за вработените со скратено работно време и за тие со целосно. Бонусот е рекорден за „Porsche“, која работеше со полна брзина во минатата година и продаде околу 200.000 возила.

Компанијата генерираше рекордни приходи од 18,9 милијарди долари, а профитот се зголеми за 5% до 2.9 милијарди долари.

Бонусот ќе се состои од 7.900 евра кеш и 700 евра рата во пензискиот фонд на „Porsche“.

Главниот извршен директор Матијас Милер им се заблагодари на вработените за тоа дека се справиле многу добро во минатата година. Тој, сепак, предупреди дека не треба да се смируваат премногу.

Дури и со бонусот сепак, не секој вработен на „Porsche“ ќе може да си дозволи да си купи автомобил од марката. Основната цена на основниот модел „Porsche 911“ е околу 76.600 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП