4 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus продава уште 15% од Dassault Aviation

Airbus продава уште 15% од Dassault Aviation

airco 2

„Airbus Group“ објави дека ќе продаде дополнителен удел од 15% во производителот на патнички авиони и борбени авиони „Dassault Aviation“.

Компанијата продолжува да ја намалува 16-годишната врска со својот конкурент на пазарот за одбрана, објави „Ројтерс“.

Со овој потег уделот на „Airbus“ ќе се намали на околу 27% од сегашните 42%, се вели во соопштението на компанијата.

„Dassault Aviation“ неодамна побара „Euronext“ да ја замрзне продажбата на нејзините акции. Компанијата изјави дека ќе учествува во договорот, откако купи најмногу 5% од својот удел со максимална цена од 980 евра за акција.

„Airbus“ веќе го намали својот удел од 46,3% до 42,1% во ноември. Тогаш компанијата изјави дека ќе „вложи максимални напори“ за да продаде уште 10% од „Dassault Aviation“ до 30-ти јуни 2015-та година преку еден или неколку договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП