28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ очајни зад воланот

„Кралевите“ очајни зад воланот

real

Фудбалерите на Реал Мадрид поради неочекуваните лоши резултати во текот на сезоната честопати беа критикувани, а имаше и такви кои сметаа дека тие заборавиле да играат фудбал. Дека не е така „кралевите“ тоа го потврдија во последните неколку натпревари со Барселона, а неодамна и на натпреварот против Манчестер Јунајтед. Сепак, тие дефинитивно се катастрофални, зад воланот. Како што тргнале, клубот наскоро ќе мора да ангажира посебен автобус, затоа што не е мал бројот од оние кои немаат возачка дозвола, а ќе мораат некако да доаѓаат на тренинг.

Имено по Бензема, Есиен, Марсело и Месут Озил покажа дека не е многу спретен зад воланот. Поради пребрзо возење Германецот беше казнет со 500 евра и шест казнени поени. Паричната казна ја платил веднаш, па му беше намалена на 250 евра.

За потсетување Карим Бензема, наместо со 100 километри на час, тој возел со дури 216км, па во март го очекува судење. И Есиен сака брзо возење, но „најлош од сите деца” е Марсело. Тој возел без возачка дозвола која претходно му била одземена поради прекршоците и остана без бодови, па мораше да плати казна од 6000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП