12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕкспертите откриваат: Дали треба да јадете компири?

Експертите откриваат: Дали треба да јадете компири?

69309_profimedia0116330089_650x380

Компирот е една од намирниците кои најчесто се наоѓаат во нашата чинија. Но, и покрај тоа тие имаат навистина лоша репутација. Оправдано или не?

Неколку студии покажаа дека компирот сепак не ја заслужува лошата репутација. Иако е калоричен и содржи високо ниво на скроб, ако го подготвите на здрав начин, нема причина да го избегнувате.

„Не постојат универзални правила кога се работи за исхраната. Се зависи од луѓето, од начинот на кој се храните, какви се вашите дневни обврски, но и од тоа колку енергија трошите“, велат нутриционистите.

Сепак, нутриционистите ги опоменуваат личностите со прекумерна тежина и оние кои страдаат од дијабетес дека би требало сепак да го избегнуваат бидејќи е калоричен и содржи скроб. За дијабетичарите и за дебелите луѓе, компирот сепак не се препорачува, бидејќи тие би требало да го намалат внесот на јаглени хидрати, масти и видливи шеќери.

Во просек, компирот содржи 36 проценти од дневно препорачаната доза за витамин Ц, 27 проценти од дневно препорачаната доза за калиум и 14 проценти влакна.

25256_shutterstock_96207608_630x0

Вистина е дека брзо го подига нивото на шеќерот и инсулинот во крвта, но ако правилно се комбинира со останатите намирници, високото ниво на скроб нема да претставува проблем.

Најдобар начин е  компирот да го варите и многу е важно да се води грижа за големината на порцијата. Компирот всушност не треба да претставува главно јадење, туку прилог. Најдобро би било да се комбинира со рибни специјалитети, како и салата. Добро оди во комбинација со блитва и маслиново масло или зелена салата и ротквици. Што се однесува до зачините, би било добро тоа да бидат природни зачини, а она што би требало да се избегнува е солта.

Една од најчестите заблуди денес е всушност дали треба кората на компирот да се лупи или не.

Ако ги погледнете блоговите и куварите за готвење, ќе забележите дека често се препорачува токму кората да не се лупи. Тоа секако важи само за компирот кој има органско потекло, односно оној кој не е хемиски третиран. Сепак, нутриционистите препорачуваат дека е најдобро кората сепак да се излупи пред термички да се обработи компирот.

Значи, и покрај фактот што компирот многумина го избегнуваат, за тоа нема причина. Нутриционистите се сложуваат дека тој е една фантастична намирница. Внимателно комбинирајте го компирот со другите намирници и подгответе го на здрав начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП