24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКреативна работилница на „Пелистерка“ и најмладите за бенефитите на водата

Креативна работилница на „Пелистерка“ и најмладите за бенефитите на водата

pelis

Компанијата за вода и безалкохолни пијалоци „Пелистерка“ ќе биде организатор на креативна работилница, која во центарот на активностите ќе ги стави бенефитите на водата за здрав живот.

Настанот ќе се оддржува во Градскиот парк во Скопје, в недела на 22 март. Работилницата има за цел да ги потикнува децата да креираат и да се забавуваат, но истовремено ќе биде отворена за сите заинтересирани посетители кои ќе бидат инспирирани да разговараат за здравиот начин на живот, за разумното користење на водата, експлоатација и нејзината заштита.

Во креативните процеси на работилницата ќе се работи со повеќе техники: темпера, кварел, фломастери, сув пастел, сликање на стакло, сликање на глинени предмети. Особено внимание ќе биде посветено при рециклирање на празни шишиња од Пелистерка и изработка на украсни саксии за цвекиња

Работилницата е дел од светските активности за заштита на водата, а Годинешната порака на Обединетите нации за овој ден е: „Без вода нема одржлив развој.

Креативниот пункт на Пелистерка ќе почне во 11 часот и ќе биде отворена до 14 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП