11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОНЕ промовираше нов постпејд пакет

ОНЕ промовираше нов постпејд пакет

one logo111

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ денеска промовираше атрактивна понуда за корисниците во мобилната постпејд телефонија.

Корисниците добиваат можност да изберат од постпејд промотивните пакети, да зборуваат и испраќаат СМС пораки кон сите мрежи без ограничувања на времето и бројот на пораките, опуштено да сурфаат на мобилен интернет, а притоа како подарок да добијат и супер Android СМАРТ мобилен телефон.

one promocija

Промотивниот ОНЕ Promo Plus M постпејд пакет во моментот e најконкурентен постпејд на пазарот кој за само 599 денари месечна претплата нуди: неограничени разговори кон сите национални мрежи, неограничени СМС пораки кон сите национални мрежи, 5 GB мобилен интернет секој месец и Смарт телефон Samsung Trend Lite за 0 денари, стои во соопштението.

Промоцијата важи за сите нови, но и постоечки приватни и бизнис постпејд корисници на ОНЕ кои ќе направат обнова на договорот на нови 24 месеци.

Детали и целосен преглед на цените на телефоните што се дел од оваа промотивна понуда можат да се видат на веб страната на ОНЕ, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП