19 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОколу 18.000 патници погодени со штрајкот на Lufthansa

Околу 18.000 патници погодени со штрајкот на Lufthansa

Lufthansa_Beta111

Пилотите на „Lufthansa“ штрајкуваат и денеска во борба за подобри услови за работење, а најмногу од нивниот прекин на работата се погодени аеродромите во Франкфурт и Минхен, јавија германските медиуми.

Укажувајќи дека 18.000 патници се погодени со овој штрајк кој ќе трае и во петок, медиумите наведуваат дека пред се се анулираат патничките летови на долгите реалции, но и дека има откажувања и во карго сообраќајот.

Поради штрајот во средата беа откажани околу 750 од вкупно 1.400 летови.

Пилотите на „Lufthansa“ во изминатите месеци штрајкувале веќе 11 пати.

Тие се жалат на зголемување на старосната граница за заминување во предвремена пензија, која до крајот на минатата година изнесувашее 55 годишна возраст, како и на условите за заминување во предвремена пензија.

До сега компанијата плаќаше годишно осум проценти од пилотската заработка на сметка на „преодниот период“ до заминување во државна пензија, а сега се бара зголемување на старосната граница за предвремена пензија и учество на пилотите во финсирањето на преодниот период.

Покрај тоа, постои уште цела низа нерешени прашања, меѓу кои „трн во око на пилотите“ е новата стратегија за евтини летови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП