29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSharp ќе скрати над 10% од персоналот

Sharp ќе скрати над 10% од персоналот

sharp 3

Јапонскиот производител на електроника „Sharp Corp“ планира да отпушти околу 6.000 работни места, или над 10% од работната сила. Тоа е дел од корпоративната политика на реструктуирање во вредност од над 200 милијарди јени (1,7 милијарди долари), соопшти извор запознаен со ситуацијата, цитиран од агенциите.

Кратењата ќе вклучуваат околу 3.000 работни места во Јапонија преку предвремено пензионирање и 3.000 во странство, тврди изворот, кој побара да остане анонимен. Компанијата имаше околу 50.000 вработени во крајот на 2014-та година.

Технолошката компанија очекува да ја објави својата трета година по ред со загуба во последните четири години. Слабата продажба на екрани за паметни телефони во Кина, дополнително погодени од неочекувано враќање на конкурентската „Japan Display Inc“, го спречија нејзиниот обид да се опорави. Минатиот месец „Sharp“ предвиде нето загуба од околу 30 милијарди јени за фискалната година што завршува во март, во однос на 30-те милијарди нето добивка, што ги предвиде пред тоа.

Главниот извршен директор Козола Такахаши води преговори со главните доверители на компанијата „Mizuho Bank“ на „Mizuho Financial Group Inc“ и „Bank of Tokio-Mitsubishi UFJ“, дел од „Mitsubishi Financial Group“. Тој сака да го договори вториот голем пакет финансиска помош за компанијата од 2012-та година, изјавија извори запознаени со ситуацијата.

Банките се согласија во септември 2012-та година дека ќе и доделат на „Sharp“ заеми и кредитни линии вреди 360 милијарди јени, или 3 милијарди долари. Во замена тие побараа гаранции дека компанијата ќе се врати кон профитот до оваа година. Досега таа го напушти пазарот на телевизори во Европа и го затвори бизнисот со соларни панели во Европа и во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП