23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИSiemens потпиша договор од четири милијарди евра во Египет

Siemens потпиша договор од четири милијарди евра во Египет

siemens-6mwforweb

Германскиот конгломерат „Siemens“ потпиша договор со владата на Египет во областа производство на електрична енергија, вреден четири милијарди евра, потврди во понеделникот портпаролот на германскиот гигант.

Според договорот што го потпишаа двете страни, „Siemens“ треба да изгради комбинирана електрана со капацитет од 4,4 гигавати електрична енергија и да инсталира ветерни турбини со капацитет од два гигавати.

Останатите прокети вклучуваа изградба на фабрика во Египет во која би се произведувале лопатки за ротори за ветерни турбини, соопштено е од „Siemens“.

Според два други меморандуми за разбирање, „Siemens“ ќе предложи изградба на комбинирана електрана со капацитетот до 6,6 гигавати и 10 трафостаници за сигурно снабдување со струја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП