6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените во Фолксваген ќе добијат бонус од 5.900 евра

Вработените во Фолксваген ќе добијат бонус од 5.900 евра

 

radnici vw

Производителот на автомобили „Фолксваген“ соопшти дека работниците на оваа компанија во Германија ќе добијат по 5.900 евра бонус по поделбата на профитот поради успешното работење.

Директорот на одделението за човекови ресурси, Хорст Нојман, изјави дека исплатите ја одржуваат „моќната тимска работа на неколку пазари и покрај тешките услови“.

Износот на бонусите е заснован во преговорите со претстаниците на работниците и ќе биде исплатен на вработените во фабриките во Брунсвик, Емден, Хановер, Касел, Залцгитер и Волфсбург.

Фолксваген“ минатата година го зголеми вкупниот профит за 20 отсто или на 10.8 милијарди евра, иако за оваа година објавија внимателни предвидувања, поради предизвиците на пазарите.

Меѓу брендовите на групацијата „Фолксваген“ се „Ауди“, „Сеат“, „Шкода“ и „Ламбурџини“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП