11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle претстави виртуелно искачување на Еверест (видео)

Google претстави виртуелно искачување на Еверест (видео)

mont everest

Американската технолошка корпорација Google во четвртокот го претстави виртуелното патување во областа на Монт Евререст во Непал кој на корисниците им го нуди на увид едно од најнепристапните места на планетата во кое животните услови се извонредно груби и тешки.

Услугата Street View овозможува преглед на националниот парк Сагармата во кој сините смрзнати кривулести реки се протегаат меѓу снежните врвови, будистичките монаси свират, а стадата јакови се искачуваат по стрмите карпести патеки.

Екипите коишто ја снимале областа се движеле пеш опремени со двата фотоапарата со 15 објективи конципирани специјално за оваа цел. Снимиле повеќе од 45.000 панорамски прегледи врз зафрлените села во источни Хималаи во кои живее заедницата Шерпасите.

На Google во проектот му се придружила непалската старт-ап компанија Story Cycle и со непалскиот алпинист Апа Шерпа, кој 21 пат се искачил на Покривот на светот – врвот Монте Еверест пред да се пензионира и формира здружение за помош во образованието за локалното население од неговата заедница.

„Сите слушнале за Монте Еверест, но малку луѓе имаат сознание за тоа колку е тешко да се живее во тие села. Благодарејќи на техниката на Google Street View секој може да ги види тие села и разбере дека на овдешните луѓе им е потребна помош. Се надеваме дека ќе собереме пари да им изградиме нови училишта и болници“, изјави Апа Шерпа кој како 12-годишник морал да го прекине образованието за по смртта на неговиот татко да започне со макотрпната работа на носач за експедициите.

Заедницата на Шерпасите, позната по носачите и водичите за експедициите на Хималаите, се надева дека со проектот ќе им помогне на младите да изберат некое друго занимавање освен високоризичниот алпинизам.

Денес 55-годишниот Апа Шерпа, кој првпат се искачил на 8.848 метри високиот Еверест како носач, за друго занимање можел само да сонува и истакнува: „Денес сонувам дека децата од Непал не се изложуваат на опасност по животот како носачи или водачи, да може да се образуваат и да изградат подобар живот“.

Во април минатата година 16 непалски водичи, од кои 14 Шерпаси, загинаа во лавина, во несреќата со најмногу жртви при искачување на Монт Еверест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП