Најголемиот европски производител на автомобили – „Volkswagen“, забележал рекордна добивка во изминатата година, благодарение на силната продажба во Кина.
Компанијата продала 10,2 милиони автомобили во 2014-та година. Како резултат на силната продажба, „Volkswagen“ постигна оперативен профит од 17,9 милијарди евра (19 милијарди долари). Од добивката 5.2 милијарди долари се регистрирани од страна на кинеската поделба на компанијата.
Нето добивката за изминатата година се искачи на 10,9 милијарди евра, што е пораст од 19,6% на годишна основа. Со 18 фабрики во Кина, „Volkswagen“ е најголемиот производител на автомобили во земјата. Плановите на компанијата вклучуваат отворање на две нови фабрики со капацитет од 5 милиони автомобили до 2018-та година.
„Исклучително голем успех постигнавме во Кина. Не заборавајте дека ние присуствуваме на пазарот во Кина повеќе од 30 години. Тукушто постигнавме договор со нашиот кинески партнер „FAW“ за нови 25 години соработка “, коментира извршниот директор на компанијата Мартин Винтеркорн, цитиран од „CNBC“.
Продажбата на компанијата во Европа се зголеми за 5.2% до 4.4 милиони автомобили, но се намали во Северна Америка за 2,4%.