10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus многу блиску до голема зделка со Јужна Кореја?

Airbus многу блиску до голема зделка со Јужна Кореја?

airco 2

Со седиште во францускиот град Тулуз, компанијата „Airbus“ е блиску до реализација на договор за испорака на хеликоптери за Јужна Кореја, вреден неколку милијарди долари, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на француските медиуми.

Преговорите за испорака на машините се пред завршување, а договорот е за барем 3 милијарди долари, пишуваат локалните весници „La Tribune“ и „Les Echos“.

Според информациите станува збор за развој и изградба на воени и цивилни хеликоптери. Ривалот „Bell Helicopter“, кој припаѓа на американскиот концерн „Textron“, како и „AgustaWestland“ на италијанската компанија „Finmeccanica“ веќе испадна од трката за испораката, тврдат медиумите.

Според нив од корејска страна разговорите се водат од локалната компанија „Korea Aerospace Industries“.

Како што објави „La Tribune“ трансакцијата може да вклучува набавка на околу 600 хеликоптери, па на тој начин вкупната вредност на договорот може да надмине 10 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП