3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEriсѕson отпушта 2.200 работници во Шведска

Eriсѕson отпушта 2.200 работници во Шведска

eriksoni 4

Шведскиот производител за телекомуникациска опрема „Eriсѕson“ ќе укине 2.200 работни места во Шведска како дел од програмата за шетедење вредна 1.1 милијарди евра.

Компанијата од Стокхолм наведува дека од отказите ќе бидат погодени секторите за истражување и развој, како и достава, пренесува агенцијата „Reuters“.

„Eriсѕson“, водечкиот производител на инфраструктура во мобилната телефонија, во соопштение објави дека овој чекор е дел од планот за штедење кој беше најавен во ноември минатата година, а има за цел да ги намали трошоците во сите области на бизнисот.

Од компанијата додаваат дека полн ефект од мерката за штедење може да очекуваат во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП