24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМоторола отпушта 10 проценти од работната сила

Моторола отпушта 10 проценти од работната сила

motorola-office

Компанијата Моторола најави отпуштање на 1.200 работници или 10 проценти од вкупната работна сила, се со цел во обидите да се врати на старите патеки.

Според пишувањата на некои медиуми, вработените во Моторола за најновите скратувања на работните места биле известени преку електронска пошта.

„Иако сме премногу оптимисти во поглед на новите производи, се уште сме соочени со нови предизвици. Нашите трошоци се преголеми, работиме на пазари на кои не сме конкурентни и губиме пари“, стои во електронската пошта до работниците.

Со отпуштањата ќе бидат погодени вработени во САД, Кина и Индија. За потсетување во мај минатата година Гугл го купи делот на Моторола за мобилни телефони за сума од 12.5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП