1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШалке во невозможна мисија, Базел ќе го напаѓа Порто

Шалке во невозможна мисија, Базел ќе го напаѓа Порто

ls nova

Денеска ќе бидат познати првите четвртфиналисти во фудбалската Лига на шампиони. Реал ќе го пречека Шалке со предност од 2:0 обезбедена по првиот осминафинален дуел, додека Порто во Базел на првиот меч избори 1:1.

shalke real

Реал со една нога е во четвртфиналето, најмногу поради триумфот во Гелзенкирхен, но Германците нема намера да се предадат. Дуелот доаѓа во момент кога Реал е во мала криза, на последните две средби (Виљареал и Атлетик Билабо) тимот не успеа да победи со што лидерската позиција во Примера и ја препушти на Барселона.

Тренерот Анчелоти е загрижен од неефикасноста на неговите играчи, а по мечот во Билбао оцени дека „тимот игра премногу конфузно“. Реал на последните две средби нема постигнато гол од игра. Иако навивачите ја критикуваат играта на напаѓачкта тројка Анчелоти најави дека нема да менува ништо во нападот.

„Роналдо, Бејл и Бензема ќе играат во иста формација како и претходно. Кедира и Модриќ се на списокот и ќе добијат шанса. Модриќ ќе започне на клупата и ќе добие шанса во последните 30-тина минути. Мартин Едегард нема да се најде во стартната постава, но тој тренира добро“, рекол Анчелоти.

Роберто Ди Матео, кој со Челзи ја освои ЛШ, потенцира дека неговиот тим нема однапред да се предаде, иако резултатот е многу неповолен.

„Реал е екипа против која тешко се игра, тешко е да се достигне нивното ниво. Се надевам дека медиумите се во право со пишувањата дека нивните напаѓачи се наоѓаат во лоша форма, бидејќи кога се во фрома тешко е да ги запрете сите тројца“, рекол Ди Матео.

FUSSBALL, ACHTELFINALE, UEFA CL, UEFA CHAMPIONS LEAGUE, SAISON 2014/15, FCB, FC BASEL, FC BASEL 1893, FC PORTO,

Порто во Базел на првиот меч одигра 1:1 и направи голем чекор кон четвртфиналето. Португалскиот тим од почетокот на сезоната сé уште нема пораз во ЛШ.

„Натпреварот ќе се игра со максимален интензитет и ќе мора да одиграме добро. Ќе се обидеме да победиме екипа која има добра кампања во ЛШ во оваа но и во последните неколку сезони“, рекол тренерот на Порто, Хулен Лупетеги, нагласувајќи дека одбраната ќе мора да биде особено добра, бидејќи напаѓачите на Базел се искусни и знаат да ја казнат секоја грешка.

„Мислам дека за разлика од првиот меч ќе успееме да ја контролираме играта, дека ќе ја имаме топката повеќе и дека ќе направиме повеќе шанси. Ќе има моменти кога ќе мора да се браниме, но се надевам дека ќе приготвиме повеќе шанси од противникот“, рекол Португалецот на клупата на Базел, Паоло Соуса.

Натпреварите во Мадрид и Порто ќе започнат во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП