7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадот на цената на струјата го намали профитот на RWE

Падот на цената на струјата го намали профитот на RWE

RWE_550x300

Вториот по големина снабдувач на електрична енергија во Германија, „RWE“, соопшти дека на неговите минатогодишни резултати негативно влијаел падот на цената на струјата.

Нето профитот на компанијата во 2014 година е намален за 44,6 проценти на 1,28 милијарди евра, додека профитот од работењето е намален за 9,8 проценти на 7,13 милијарди, а приходите за 7,5 проценти на 48,46 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

„RWE“ наведува дека ќе продолжи со исплатата на дивиденда од едно евро по акција за 2014 година.

„Kризата во конвенционалното производство на енергија продолжува. И покрај тоа, ќе се фокусираме на приликите за раст во иднина, со строга финансиска дисциплина“, изјави извршниот директор на „RWE“, Петер Теријум.

Зајакнувањето на обновливата енергија во Германија ја намали цената на струјата и ја загрози профитабилноста на групациите како што е „RWE“ кој управува со електрани на јaглен, гас и нуклеарна енергија.

RWE“ во тековната година очекува профит од работењето од 6,1 до 6,4 милијарди евра и нето заработка од 1,1 до 1,3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП