20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако Мухтар Кент ја освои Америка?

Како Мухтар Кент ја освои Америка?

muhtar2

Обичниот возач Мухтар Кент стана директор на компанијата која сите ја познаваме.

Тој има 61 година и долгогодишно искуство во светски познатата компанија Кока Кола Интернешнал.

По завршувањето на бизнис училиштето во Лондон, Мухтар Кент во Кока Кола се вработил како возач. Тоа било во далечната 1978 година.

На првата висока функција бил именуван во 1985 година, кога станал генерален менаџер на Кока Кола за Турција и Централна Азија. Три години подоцна тој е именуван за заменик претседател на Кока Кола Интернешнал.

Тој ја напуштил компанијата, но повторно се вратил

Кент во 1999 година ја напуштил компанијата и се вратил во Турција. Таму тој се вработил во компанија која поседува франшиза за популарниот пијалок во Турција. Шест години подоцна Кент се вратил во Кока Кола и тогаш бил именуван за генерален директор за Северна Азија, Евроазија и Блискиот Исток.

Бонуси и бенифиции во 2012 година

Мухтар во 2012 година заработил 21,6 милиони долари. Станува збор за плата, различни бонуси и бенифиции. „Чистата“ месечна плата на првиот човек на оваа светска компанија изнесува 1,6 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП