4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ8 мартовска хуманитарна работилница за најмалите во Капитол Мол

8 мартовска хуманитарна работилница за најмалите во Капитол Мол

ca

Викендов во трговскиот центар „Капитол мол“ ќе се оддржи необична хуманитарна креативно-едукативна работилница под мото „Подаруваме, остваруваме – од мајка за дете, од дете за дете“.

Трговскиот центар во соработка со невладината фондација за деца со тешки болести „ Златна рипка“,новотворената игротека „Посејдон“ и “Просветно дело” ќе ги вклучат најмладите во хуманост на дело каде ќе им бидат овозможени материјали за изработка на осмо мартовски честитки кои потоа ќе бидат продавани во трговскиот центар по симболична цена. Собраните пари ќе се донираат за исполнување на желбите на тешко болните деца. Настанот имаше за цел да мотивира што повеќе граѓани и компании да донираат за оваа најранлива категорија деца.

ca

„Оваа година решивме денот на жената да се прослави со хумана акција каде ќе ги вклучиме најмладите. Среќни сме што имаме можност да ги едуцираме дечињата уште од најмалата возраст за важноста да се подарува и да се биде хуман. Парите кои ќе ги собереме ќе бидат донирани за остварување на желбите на децата кои боледуваат од тешки болести. Исполнувањето  на нивните желби е многу важен сегмент од нивното лекување, бидејќи нуди надеж и верба за подобро утре“, изјави Даниела Адемоска, сопственик и генерален директор на Капитол Мол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП