8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFosun откупи дел од Thomas Cook

Fosun откупи дел од Thomas Cook

tomas kuk 2

Кинескиот конгломерат „Fosun International“ објави дека купил 5 отсто од акциите на британската туристичка групација „Thomas Cook“, продлабочуајќи го влегувањето во туристичкиот сектор на Европа по купувањето на француската компанија „Club Med“ во минатиот месец (што ја процени на 1,15 милијарди долари) , соопштува „Ројтерс“.

„Fosun“ платил 91,9 милиони фунти (140,1 милиони долари) за дел во најстарата туристичка групација во светот, а ќе се стреми да го удвои до 10%, вели концернот во известувањето до берзата во Хонг Конг.

Купување може да му помогне на „Fosun“ да ги поддржи пакетите за одмор на „Club Med“, па да се обиде да оствари пресврт во бизнисот на компанијата во Европа и да се насочи поагресивно кон растечките пазари, како Кина.

„Инвестицијата во „Thomas Cook“ ги дополнува другите неодамнешни инвестиции на групацијата во секторот, создавајќи можности за натамошно додавање на вредноста“, коментира претседателот на „Fosun“, Гуо Гуанчан.

„Thomas Cook“ е во средината на планот за намалување на трошоците, но има за цел да оствари раст во оваа година и покрај тешките комерцијални услови во Европа. Компанијата реализира загуба од околу 80 милиони долари во последниот квартал на 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП