29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТвитер вреди 11 милијарди долари

Твитер вреди 11 милијарди долари

tviter1

Пазарната вредност на социјалната мрежа Твитер се проценува на 11 милијарди долари, изјави аналитичарот на инвестициската компанија „Greencrest Capital“, Макс Волф.

Во јули минатата година, Твитер вредеше осум милијарди долари, а за зголемувањето на вредноста на компанијата, според Волф, допринеле неколку фактори, пред се зголемувањето на бројот на корисниците.

Покрај тоа, на растот на цената влијаеле и гласините дека „Apple“ ќе го купи Твитер.

Како што беше најавено во средината на декември од седиштето на Твитер, оваа мрежа има 200 милиони активни корисници. Сите корисници не учествуваат на ист начин, односно околу 40 проценти само ги читаат пораките.

Една анализа покажала дека жените се повеќе активни и дека тие напишале повеќе пораки отколку мажите, по отварањето на профил на Твитер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП