„AbbVie Inc“ ќе ја купи „Pharmacyclics Inc“ во зделка за 21 милијарди долари. Компанијата ја надмина понудата на конкурентот „Johnson & Johnson“ за контролата над револуционерната терапија на рак на крвта, која ќе и даде можност да се развива во областата на онкологијата, објави „Reuters“.
Според условите на договорот, американскиот производител на ретки лекови „AbbVie“ ќе плати 261,25 долари по акција во готовина и нови акции на „AbbVie“, објавија во соопштението на двете компании. Цената е за 39% над цената од затворањето на акциите на „Pharmacyclics“ од 24-ти февруари – денот пред да биде прогласена можноста за зделката.
Придобивката ќе и помогне на „AbbVie“ да ја намали својата зависност од „Humira“, најдобро продаваниот производ на компанијата за лекување на артритис. Сега таа ќе може да се прошири во областа на третманот на рак, една од најмногу ветувачките области на развој на лекови. „AbbVie“ ќе се здобијат со контрола над „Imbruvica“, лесна за употреба пилула која чини околу 100.000 долари годишно и помага за избегнување на некои сериозни несакани ефекти од хемотерапијата. Таа веќе е одобрена за четири различни типови на леукемија.
„Pharmacyclics“ водеше преговори и речиси се согласија да биде купена од „Johnson & Johnson“. Дискусијата беше за цената од 250 долари за акција, но „AbbVie“ понуди подобра понуда во последен момент, изјави извор запознаен со ситуацијата.
„AbbVie“ очекува околу 58% од договорот да биде платен во готово, а 42% – со акции, и да заврши до средината на годината. Нејзините акции поскапеа за 1,1% до 60,27 долари во Њујорк. Откако се оддели од „Abbott Laboratories“ во 2013-та година, „AbbVie“ не успеа да заврши ниту една од мегазделките.