25 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRBS ќе отпушти 14.000 работници во наредните 4 години

RBS ќе отпушти 14.000 работници во наредните 4 години

rbs 35

„Royal Bank of Scotland“ (RBS) ќе укине 80% од работните места во својата инвестициска банка до 2019-та година, изјавија два извора запознаени со ситуацијата, цитирани од „The ​​Financial Times“.

Британската банка со државно учество веќе најави планови да ја намали активноста на инвестициското банкарство од 38 држави до едвај 13. Вкупно 14.000 работни места ќе бидат затворени до 2019-та година, особено во САД и Азија. Ова е дел од планот за реконструкција и реформи во компанијата на главниот извршен директор Рос МакЕван.

„RBS“ има за цел да скрати четири од секои пет работни места до 2019-та година, а истовремено со тоа ќе има основна промена во системите на „бек“ канцеларија со цел на нивна автоматизација.

Банката цели да ги намали ризичните средства во одделот за инвестициско банкарство со две третини. Се очекува овој потег да чини меѓу 2,5 милијарди фунти и 3,5 милијарди фунти.

Претходно „The Wall Street Journal“ објави дека банката може да намали повеќе од 1.000 работни места во инвестицискиот оддел во САД.

„RBS“ се согласи да ги продаде своите портфолија за кредити во САД и Канада на јапонската „Mizuho Bank“, дел од „Mizuho Financial Group“. Трансакцијата се проценува на околу 3 милијарди долари, а банката ќе се фокусира главно на клиенти во Велика Британија и Западна Европа, нагласувајќи ги постоечките силни страни на производите и услугите.

„RBS“ седма година по ред забележа годишна загуба, овој пат од 5,4 милијарди долари во 2014-та година, откако отпиша повеќе од 6 милијарди долари од американскиот огранок „Citizens Bank“.

Ривалот на „RBS“, „Barclays“ може да донесе слична одлука. Извршниот директор Ентони Џенкинс изјави дека „трпението може да биде ограничено во однос на чекањето за обновување на инвестициската банка на „Barclays““.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП