2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHewlett-Packard ја превзема Aruba Networks

Hewlett-Packard ја превзема Aruba Networks

aruba 23

„Hewlett-Packard“ договори превземање на компанијата „Aruba Networks“, беше соопштено од двете компании. Аквизицијата е вредна околу 3 милијарди долари, односно 24,67 долари по акција, колку што наводно има „HP“ понудено.

„Aruba Networks“ е основана во 2002-ра година, има седиште во американската држава Калифорнија, вработува околу 1800 луѓе, а нејзината основна дејност е производство на мрежна опрема.

Заедно со „HP“, како што се споменува во соопштението, на купувачите ќе им испорачуваат мрежни решенија од најновата генерација.

Минатата година компанијата „Aruba Networks“ имала раст на приходот од 22% или во износ од 729 милиони долари. Сепак, годината ја има завршено со загуба од 29 милиони долари.

Аквизицијата формално ќе биде завршена до крајот на фискалната 2015-та година, откако ќе ја потврдат акционерите во „Arubа“ и регулаторните тела во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП