26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПовторно дебати во филмскиот клуб „Лале“

Повторно дебати во филмскиот клуб „Лале“

Untitled

Младинскиот културен центар, од среда ја презема активноста на дебатниот филмски клуб „Лале“ кој успешно функционираше во кафулето „Менада“ во изминатите две сезони.

Активноста на клубот отсега ќе се одвива во посоодветни техничко –просторни услови, односно во џепното кино на МКЦ.

Клубот ќе функционира како непрофитна активност на МКЦ, проекциите се бесплатни, со идеја филмот да биде претставен во неговата уметничка димензија и притоа во непосреден разговор и дебата публиката да ги сподели своите критички и естетски судови и ставови по проекцијата на секој филм.

Клубот, секако, има и своја едукативна улога, со намера преку сопствени оцени и дискусија за филмовите, да ги поттикне креативните размислувања на филмофилите.

Програмата којашто ја нуди дебатниот филмски клуб „Лале“ е грижливо селектирана и е составена од филмови со врвни уметнички референци, но и такви кои се значајни по своето силно влијание, или се значајни поради контроверзноста, авангардноста и деликатноста, без разлика дали во тематска или естетска смисла, секако и оние кои се издвојуваат со својата храброст, провокативност и конечно, филмови кои имаат силен авторски печат.

Селектор на програмата и модератор на дебатите е искусниот филмски критичар Влатко Галевски.

Проекциите се одржуваат секоја среда со почеток во 20 часот во џепното кино на МКЦ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП